Кил го преслуша Загреб, Барса лесно со Мотор...

Кил и Барса според очекувањата сезоната во ЛШ ја отворија со победи. Кил во Загреб славеше убедлива победа над ППД Загреб од 31-21 (14-6), додека Барса беше подобра од Мотор во Запорожје со 30-25 (13-11).



Десниот бек Жига Млакар, пред неколку години еден од најголемите словенечки таленти, ја заврши кратката соработка со ППД Загреб и се врати дома, во Целје од каде што ќе се обиде да ја рестартира кариерата. 
Млакар откако замина од Целје се пресели во Висла Плоцк, но тамо под водство на Хавиер Сабате, не познаваме играч што напредувал, а ниту пак резултатите им се „нешто“. Единствено за што треба да се „пофалат“  е трпението што го имаат за шпанскиот тренер. 

Единстениот играч што (понекогаш) успеваше да добие посилни овации од публиката од Микел Хансен, при претставувањето на играчите на репрезентацијата на Данска, објави дека ја игра својата последна сезона во кариерата. 
Андерс Егерт (38) ќе го комплетира четиригодишниот договор со Скјерн и ќе се прости од публиката. Луцудното крило кое најголем дел од кариерата (11 сезони) ги мина во Флензбург има над 160 настапи (над 580 гола) за Данска со која освои европско злато (2012) и сребро 2014 и две светски сребра 2011 и 2013. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk