Металург во исчекување, кој стои на патот до Лига Европа?

Претпладнево во Виена ќе се одржи ждрепка за второто коло од квалификациите за Лига Европа



Претпладнево во Виена, со почеток од 11:00 часот ќе статрува ждрепката за второто квалификацико коло од Лига Европа. 
Македонија има еден претставник во оваа ждрепка, Металург чека противник со кого ќе игра за пласман во групната фаза на ребрендираната ЛЕ.




Металург се најде во првиот шешир, местото што го планираше и посакуваше пред стартот на ЛЕ. Мораше да игра едно коло, но еве го одново во првиот шешир и избегнува екипи како РНЛ, Монпеље, Берлин...

Тоа, пак, го прави еден од најпосакуваните во ждрепката и кој и да му биде противник со мотив плус ќе игра против нив. Но, затоа - потоа. 

Има неколку непосакувани противници, во прв ред ЦСКА, Бидасоа, Кристијанштад и данските Скјерн и Холстебро. 
Иако се помалку на број, има и посакувани, тука би ги сместиле Фајверс, Луцерн, па донекаде и Винтертур...
Другите се од типот „можеше и подобро и полошо“...  Требње, Турда, Констанца, Ѓунѓеш...

Натпреварите ќе се играат на 22 спетември и на 29 септември.. Во ждрепката нема протекција да не можат да играат два тима од иста земја, нема ниту Ковид зони како во првото коло... Секој со својата среќа






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk