Металург и со пораз отиде во второ коло

СПАЧВА - МЕТАЛУРГ 29-25 (14-14)
Стрелци за Металург: Канкараш 5, Мариќ 5, Хорват 4, Тарабокија 3, Потиќ 2, Серафимов 2, Поповиќ 2, Рниќ 1, Додиќ 1



Металург се пласираше во второто квалификациско коло во Лига Европа, откако вечерва успешно ја одбрани предноста од седум гола спечалена на натпреварот одигран во Скопје. Вечерва Металург загуби, но не ја доведе во опасност разликата. 

Металург не го отвори добро првото полувреме. Информациите што го добивавме од Винковци велеа дека лошото судење играло добра улога во водството што го имаше Спачва во воведните минути. 

Домашните водеа 3-1, 6-4, 8-5 и 10-7, пред Металург да влезе во ритам. Со серија од 5-0 во која погодуваа Тарабокија, Серафимов, Додиќ и Мариќ, македонскиот тим дојде до водство од 12-10, а тоа беше во 23 минута од натпреварот. 
Минута и пол подоцна одново беше егал 12-12, а Марко Над го запиша својот гол број пет од исто толку обиди. 

Мариќ спречи напад за ново водство на домашните, а Кастратовиќ побара тајм аут, а Мариќ погоди за водство на Металург од 13-12, а Хорват зголеми на 14-12. Но, како и во претходниот случај, многу брзо Спачва стигна до реми. Металург имаше последен напад во првиот дел, но не погоди и на одмор се замина со 14-14.

Металург поведе на стартот на вториот дел, но Спачва по четири минути се врати во водство 17-16. И потоа се играше гол за гол. Металург израмни на 19-19, но Спачва веднаш се врати на плус два. И на десет минути до крајот немаше промена, Спачва водеше со 24-22, потоа и 25-23. На осум минути до крајот Бунтиќ погоди за 26-23 и ја најави победата на Спачва. 
Потоа и Божиќ ја затресе мрежата на Металург и Спачва имаше максимални плус четири. За да нема некаква надеж или неизвесност се погрижи Златко Хорват кој погоди за 24-27 на три миунти до крајот. 

Спачва сепак, зголеми на 28-24, а откако Мариќ не успеа да намали добија шанса и за убедлива победа. Марко Над го постигна својот гол број 9 од обид број 9 за водство од 29-24, но веднаш Мариќ намали на 25-29, на 45 секунди до крајот. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk