СП Египет: Извлечени групите за мундијалот

Вечерв во Гиза беа извлечени групите за Светското првенство во Египет 2021



Денеска со спектакуларен настан во подножјето на големата пирамида во Гиза, со ждрепка беа одредени групите за претстојното Светско првенство во Египет (13-31 јануари). 

Ако Македонија по некоја неверојатност добие вајлд карта за следното СП, тогаш би била во група со домаќинот Египет, Шведска и Чешка. 
Тоа е позицијата на Јужна Америка, континентот што не успеа да доведе осум репрезентации во квалификациите, па мораше ИХФ да им измислува нов квалификациски турнир, наречен Последна надеж. 

Ако, пак, се случи да не се одиграат квалификациите во Северна Америка, тогаш т.н. група на смртта во која се Норвешка,  Франција и Австрија ќе ни биде судбина. 

Светско првенство во Египет 2021

Група „А“ - Германија, Унгарија, Уругвај, Капе Верде
Група „Б“ - Шпанија, Тунис, Бразил, Полска
Група „Ц“ - Хрватска, Катар, Јапонија, Ангола
Група „Д“ - Данска, Аргентина, Бахреин, Конго
Група „Е“ - Норвешка, Автрија, Франција, С. Америка
Група „Ф“ - Португалија, Алжир, Исланд, Мароко
Група „Г“ -  Шведска, Египет, Чешка Ј. Америка
Група „Х“ - Словенија, Белорусија, Ј. Кореја, Русија
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk