Металург со егал на полувреме во Винковци

СПАЧВА - МЕТАЛУРГ (14-14)




Металург не го отвори добро првото полувреме. Информациите што го добивавме од Винковци велеа дека лошото судење играло добра улога во водството што го имаше Спачва во воведните минути. 

Домашните водеа 3-1, 6-4, 8-5 и 10-7, пред Металург да влезе во ритам. Со серија од 5-0 во која погодуваа Тарабокија, Серафимов, Додиќ и Мариќ, македонскиот тим дојде до водство од 12-10, а тоа беше во 23 минута од натпреварот. 
Минута и пол подоцна одново беше егал 12-12, а Марко Над го запиша својот гол број пет од исто толку обиди. 

Мариќ спречи напад за ново водство на домашните, а Кастратовиќ побара тајм аут, а Мариќ погоди за водство на Металург од 13-12, а Хорват зголеми на 14-12. Но, како и во претходниот случај, многу брзо Спачва стигна до реми. Металург имаше последен напад во првиот дел, но не погоди и на одмор се замина со 14-14.

Металург поведе на стартот на вториот дел, но Спачва по четири минути се врати во водство 17-16. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk