Алушовски: Докажавме дека сме тим на победници

По втор пат за помалку од десет дена Вардар успева да се врати од отпишаните и полека почнува да ја враќа помалку разнишаната (самодо)верба кај себе и навивачите. 

Вистинското допрва следи, во недела Веспрем, десет дена подоцна Мешков Брест, но како што вчера сликовито опиша Дибиров. Целта е во недела да се биде подобар отколку вчера, а потоа да се биде подобар откоклку во недела и евентуално се ќе си дојде на своето место.

„Не го отворивме мечот како што можеме. Дизингерн не држеше во игра во тој период и некако останавме во игра. Тие беа подобри 50 минути, во напад не изгледавме добро, но одбраната почна да функционира. Во последните десет минути успеавме да го свртиме резултатот докажувајќи дека сме тим со победници. Му честитам на Загреб, знам дека е тешко кога ќе се загуби ваков натпревар, но тоа е ракометот“, изјави Алушовски на прес конференцијата. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk