Вардар не го дава СЕХА тронот

ВАРДАР - ППД ЗАГРЕБ  4-3 пенали 26-26 (13-16)



Вардар не се откажува од СЕХА тронот, Вечерва во полуфиналето на Ф4 турнирот во Задар и на ППД Загреб му сервираше порција слична на таа што ја доби Нексе минатата недела. Во недела, Вардар ќе се соочи со Веспрем во големото финале, а во мечот за трето место ќе играат . Во големото финале ќе играат ППД Загреб и Мешков

Израмнето беше на стартот на првиот дел, а Кристијан Дизингер кој постигна 4 гола од првите 7 за Вардар ги одржа црвено-црните во ритам. Одбраната беше послабниот дел, па Загреб наоѓаше успешни решенија за да стигне до мрежата на Вардар.
ППД Загреб, сепак, диктираше ритам, иако немаше некој поголем исчекор се до 20 минута од мечот. 

Некаде во тој период Дизингер мораше на клупа за да му ја санираат повредата на главата, па ППД Загреб стигна и до предност од четири гола 13-9.

Марко Вујин, кај кого е забележливо дека има големо знаење, но вложува екстра напор за секој потег, го врати Вардар на минус два. Потоа и Категрел имаше две врзани одбрани и Вардар се врати на минус еден. 

Но, потоа и Јандриќ имаше два одбрани и ППД Загреб на одмор води со 16-13. 

„Не игравме добро во одбрана, треба да го поправиме тоа во вториот дел“, изјави Анте Гаџа, ракометарот на Вардар при излегувањето од теренот. 

„Играме добро во напад, но мораме подобро да се враќаме во одбрана“, констатираше крилото на ППД Загреб, Мандиќ, на крајот на првиот дел. 

Во вториот очекувавме офанзива на Вардар и игра на се или ништо, но место тоа добивме игра гол за гол, со тоа што ППД Загреб имаше комотно водство од 4, 6, на моменти и 6 гола разлика. Се до последните 10 минути. 

Агресивна беше одбраната на Загреб, не бираа многу средства, а и вардаровата беше на вистинско ниво на моменти, и иако се навестуваше мирен финиш, Вардар доби шанса за да направи пресврт. 

На помалку од десет минути до крајот, Загреб имаше плус шест (24-18) кога остана со играч помалку, Играа бе голман, а во нападот Вуглач набрзина им потроши две топки и Вардар серија од 3-0 се врати во игра. 

Игор Вори побара тајм ату, но Вардар беше во залет, погодија Валчак и Дибиров и Вардар стигна само на гол заостаток. Се беше одново во игра, но Гаџа напрви пенал и исклучување и го врати Загреб во живот и водство од два гола. 

Ловро Јотиќ го задржа Вардар во игра, а потоа и Чупич со својот прв гол намали на само еден гол разлика Имаше Загреб само 50 секунди за да ја одбрани предноста, не му појде од рака. Под закана за пасивна шутираа и не реализираа, а потоа Јотиќ собра една одбиена топка и погоди за 26-26 и пенали. 


ПЕНАЛ СЕРИЈА
0-1 Божовиќ
1-1 Дибиров
1-2 Божиќ Павлетиќ
2-2 Вујин
2-2 ХХХ - Матановиќ
3-2 Јотиќ
3-3 Мандиќ
4-3 Дизингер
4-3 ХХХ - Вистороп 

photo> Jozo Cabraja / seha-liga.com

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk