Веспрем чека во финалето на СЕХА

ВЕСПРЕМ - МЕШКОВ БРЕСТ  28-24 (12-13)



Се тече, се се менува, само Мешков Брест никако да ја освои СЕХА. 
И новата сезона за Мешков Брест стартува губитнички. Во полуфиналето на СЕХА во Задар, Белорусите иако имаат одличен состав и имаа контрола врз Веспрем во првиот дел, на крајот се убедливо совладани и во недела ќе играат за третото место. 

Веспрем е во финалето, Давид Дејвис го надмудри својот сонародник Раул Алонсо. Односно, Веспрем ја играша својата игра и го оставија Алонсо сам да се победи. И добра му беше идејата на Дејвис. 

Мечот беше решен во вториот дел. По првото полувреме, беше израмнето, а благодарение на голманите Коралес и Цупара, Веспрем имаше само еден гол негатива. 

Но, подобро стартуваше во вториот дел Веспрем. Успеа да го сврте резултатот во своја корист за предност од гол два. Најде каде „пукаше“ одбраната на Мешков, а тоа беше главно на позиција меѓу  „еден и два“ и „два и три“, Петар Ненадиќ тоа индивидуално го казнуваше и нападот на Веспрем си ја вршеше добро работата. 

На спротивната страна, Алонсо го извади од игра и сосема го заборави Сташ Скубе, а слична судбина доживеа и Шкуринскиј. Санталов одеднаш доби главна улога и за нивна белја од „прва“ погоди. Потоа три пати по ред промашуваше. Шанса добија и Јака Малус и Сандро Обрановиќ пред Скубе и додека Мешков бараше што ќе игра Веспрем поведе со 26-20 во 53 минута и по ова до крајот беше само разигрување.

Дејан Манасков играше во првиот дел и постигна три гола од пет обиди. Најефикасни кај Веспрем беа Маргуч и Ненадиќ со по шест гола.
Во екипата на Мепшков Брест Шкуринскиј со шест гола беше најефикасен, еден помалку постигна Марко Паниќ



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk