Металург со истиот состав по печат за второ коло

Металурзите се негативни, сите до еден на последното Ковид тестирање. Кастратовиќ  не менуваше ништо во тимот



Зоран Кастратовиќ без измени во однос на составот од првиот меч отпатува за Винковци каде што утре ќе го игра реванш натпреварот од првото квалификациско коло за пласман во групната фаза на Лига Европа. 

Металурзите одново се тестираа за Ковид 19 и сите се негативни. Кастратовиќ не се реши за тактички замени, па 16-те од Скопје ќе ја браната разликата од седум гола и утре во Винковци. 

Металург во Скопје победи 35-28 и тоа би требало да е сосема доволна залиха, но Кастратовиќ уште пред првата средба најави дека Металург планира две победи и освојување на бодови за подобар пласман во следниот ранкинг на ЕХФ. 

Натпреварот се игра утре со почеток од 19:30 часот, нема да има пренос ниту пак видео стрим, а го судат Романците Манеа и Илиеску. Интересно, делгат е од Хрватска, што не е вообичаена пракса, но со оглед на Ковид ситуацијата и овде гледаме мал преседан. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk