Екс играч на Металург ќе го менаџира противникот на Чаир во ЕХФ

Противникот на Чаир во ЕХФ Куп, екипата на Наиса од Ниш доби нов спортски директор



Поранешниот ракометар на Металург, крилото Бобан Живковиќ е назначен за нов спортски директор на екипата на Наиса Ниш. Овој познат српски клуб е противник на Чаир во ЕХФ Куп, во второто коло од елиминациите. 

Ова е не е добра вест за Чаир, затоа што новиот директор веднаш најави дека ќе ангажираат најмалку две засилувања. Наводно во завршна фаза од преговори се со пивот што има интернационално искуство, а ќе бараат засилување и на бековската линија. 
Минатата сезона стигнаа до полуфинале на Челинџ пред да биде прекината сезоната, годинава сакаат и чекор понатаму. Првата препрека има е македонскиот тим Чаир. 

Живковиќ е поранешен играч на Војводина, Железничар, Ц. Звезда, Металург, а кариерата ја прекина во 2018 година кога беше суспендиран затоа што беше позитивен на кокаин. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk