Ако нема СП Египет, ракометот ќе крахира

Менаџментот на француските репрезентации се врати на работните места и веднаш испрати загрижувачки пораки



Менаџментот на француските репрезентации се врати на работа, а техничкиот директот Филип Бана испрати загрижувачки пораки во пресрет на Ковид Сезона 02. 
Франција има цврст став дека ЕП 2020 во женска и СП Египет 2021 година мора да се одржат. 

„ЕХФ преговара со Данска и Норвешка, ЕП 2020 да се одржи во помалку сали и со помали трошоци. Треба на сите да ни биде јасно, дека на ракометната економија и е недозволиво да не се одржат настани како ЕП 2020 или СП 2021“; изјави Бана. 

Германија беше на пат да се откаже од настап на СП Египет, но решија да прифатат календар со кој нивните клубови ќе играат еден месец пред 1000 гледачи, а нивната репрезентација ќе оди на СП.

„Бундес лигата се вразуми. Знаеме дека нивните клубови се во големи проблеми затоа што нема да можат да играат пред повеќе од 1.000 гледачи до 31 октомври. Но, Германската федерација сфати дека ако СП Египет 2021 не се одржи во јануари, тоа ќе значи економски крах на нашиот спорт“. 

Подлвлечено, се чини дека ЕХФ и ИХФ засега имаат сигурни карти во рацете и дека милионскиот тв аудиторим за време на ЕП и подоцна на СП ќе одигра клучна улогва во пребродување на актуелната криза. Под услов и Ковид 19 да биде контролиран во сегашни рамки. Ако ситуацијата почне да излегува од контрола, тогаш, план „Б“ каков и да е, ќе биде пострашен од сегашната реалност. 







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk