Бомбастични трансфери во Барса

Веќе најавивме дека Барса го планира голманот на Нант за засилување за следната сезона, но сега стигнува најава и за уште еден „бомба“ трансфер



Данскиот голман Емил Нилсен, во моментов соиграч на Кирил Лазаров во Нант е еден од двајцата ракометари што се најдоа како приоритет за трансфер во Барса за следната сезона. Нилсен би бранел заедно со Гонзало Варгас и би бил замена за Кевин Мелер.
За него веќе пишувавме, а денеска стигна најава и дека Барса за следната сезона планира и (уште) еден бомбастичен трансфер. 

Мелвин Ричардсон, десниот бек на Монпеље, играч што со само 21 година играше многу важна улога во тимот при освојувањето на шампионската титула во 2018 година е желбата на Барса. 
Синот на легендарниот Џексон Ричардсон следното лето завршува четиригодишен циклус во Монпеље и Барса е спремна да го доведе во своите редови како замена за Словенецот Јуре Доленец. 
Словенецот, пак, своевремено дојде како замена за Кирил Лазаров, но иако не беше лош, не беше вистинска замена за Лазаров. Дика Мем ја има главната улога на десната бековска позиција во Барса и со евентуалното доаѓање на Мелвин Ричардсон би се комплетирало дуо од француската репрезентација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk