ПИК Сегед си поигра со ППД Загреб

Еден од противниците на Вардар во ЛШ, ПИК Сегед, ја забележа и петтата висока победа во предсезоната



ПИК Сегед му нанесе тежок пораз на Ф4 учесникот во СЕХА, ППД Загреб. Унгарците славеа со 36-26 (21-12) и по мечот можеа уште да кажат дека во вториот дел им попуштила концентрацијата, ротирале и затоа резултатот не бил повисок. 

Кашпарек и Житњиков со по пет гола беа најефикасни кај Сегед, Вуглач со седум гола најефикасен кај Загреб и на натпреварот. 

Игор Вори во својата дебитантска тренерска сезона ќе се соочи со големи проблеми, ако судимте според подготовките на Загреб. ПИК Сегед, пак, запиша петта висока победа откако претходно двапати го совлада Нексе со вкупно плус 12 (5+7), а по еднаш беше подобар и од Дабас и Орошази. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk