Кастратовиќ скромен, но сака две победи во ЛЕ

Вечерва од 19:00 часот, според заострениот протокол на ЕХФ, Металург и Спачва ќе го одиграат првиот натпревар од квалификациите за влез во групната фаза на Лига Европа.




Дојде крајот на чекањето и за Металург. По повеќе од пет месеци во „Автокоманда“ ќе се игра официјален натпревар. Ждрепката во првото коло беше на страната на Металург и за противник му додели противник од Хрватска, Спачва, но работата допрва треба да се заврши. 

Целта на Металург во новата сезона, за тековната година е пласман во групната фаза од ЛЕ. Две препреки има до целта, првата е Спачва од Хрватска, дебитант во Европа. Македонскиот клуб е фаворит, но годинава многу работи се изместени од колосекот, па оној фамозен „икс“ фактор сега е засилен во секоја средина. 

Првата средба се игра во Скопје, ќе има и гостински дуел, во Винковци. Работата треба да биде завршена уште вечерва, но тренерот на скопскиот тим Зоран Кастратовиќ од малку поинаков агол ги поставува работите. 

„Не би гледал на тоа колку разлика би ни била доволна за мирен реванш. Важно за нас е да победиме на двата натпревари, заради оној ранкинг на ЕХФ и собирање бодови за избегнување на повеќе квалификациски кола во иднина. 
Треба да бидеме сериозни. Имаме искусни играчи во тимот и со правилен пристап би требало да ја оствариме нашата цел. Ги гледавме и анализиравме, сметам дека се најопасни со играта преку пивот и нашата одбрана ќе има задача да ги спречи. Ако тоа ги направиме пола работа ќе биде завршена“, вели Кастратовиќ. 

Натпреварот почнува во 19:00 часот. Ќе се игра без публика, нема да има ТВ пренос ниту пак видео стрим поради правата што се во сопственост на ЕХФ, а Виена не го има овој меч предвидено за пренос. 











 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk