ЛЕ: Бутел со недостижен минус

ЃУНЃЕШ - БУТЕЛ СКОПЈЕ  34-21  (17-7)



Висок пораз претрпе Бутел Скопје на отворањето на евро-сезоната. Скопскиот тим беше практички приморан да ги одигра двата натпревари во Унгарија и тоа со публика. И тоа публика што е бучна и навива, барем еден дел од нив. По првиот меч одигран денеска и фактот што во Скопје немаше да се игра со публика, иако тоа влијаее на амбициите и моралот кај екипата, сепак, креираше момент дека и не треба да жалиме што не се играше во Скопје. 

Уште од почетокот стана јасно дека Бутел ќе биде во проблеми. Македонскиот тим лошо отвори, не постигна гол во првите 10 минути и уште во тој период влезе во голем минус од шест гола (0-6) по што тренерот Кристијан Грчевски беше принуден да побара тајм аут. 
Потоа се израмни играта, почнаа и скопските ракометари да погодуваат, но разликата не се намали, туку и натаму се зголемуваше, само со помала брзина. Можеше Бутел и подобро да мине, но направија неколку неизнудени грешки, а и голманот Михали Тот беше одличен. 

По 18 минути игра Унгарците водеа со 11-3, во 24 минута беше 14-5, а во 28 минута Ѓунѓеш за прв пат поведе со 10 гола разлика (16-6), а на полувреме резултатот е 17-7. 

И во вториот дел не се промени битно ритамот на натпреварот. Ѓунѓеш и натаму го контролираше резултатот, а разликата се движеше мешу 12 и 14 гола во најголемиот дел од полувремето. 

На 10 минути до крајот Унгарците водеа 29-16, на пет минути до крајот беше 32-19. Треба да се напомене дека во поголемиот дел од второто полувреме на терен беа измешани постави, кај двата тима. Играа помладите, но не се смени односот на силите. 

Мирко Мајиќ со 9 гола беше најефикасен стрелец во редовите на Бутел Скопје. Георгиевски, Василевски и Мојсовски постигнаа по три. 

Утре овие два тима ќе го одиграат и вториот натпревар, по што Бутел Скопје се враќа назад и продолжува да се спрема за домашната сезона. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk