ЛЕ: Не му оди на Бутел, во дебел минус уште на полувреме

Бутел Скопје лошо го отвори натпреварот во Унгарија. 



Не му тргна на Бутел Скопје во првото полувреме во Унгарија. Македонскиот тим лошо отвори, не постигна гол во првите 10 минути и уште во тој период влезе во голем минус од шест гола (0-6) по што тренерот Кристијан Грчевски побара тајм аут. 

Потоа почнаа и скопските ракометари да погодуваат, но разликата не се намали, туку и натаму се зголемуваше, само не со голема брзина. Можеше Бутел и подобро да мине, но направија неколку неизнудени грешки, а и голманот Михали Тот беше одличен. 

По 18 минути игра Унгарците водеа со 11-3, во 24 минута беше 14-5, а во 28 минута Ѓунѓеш за прв пат поведе со 10 гола разлика (16-6), а на полувреме резултатот е 17-7. 

Инаку се игра пред сосема солидно пополнети трибини, со присуство на навивачка група, а маска речиси никој и не носи во салата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk