СЕХА има „проблем“, се вика ЦСКА

Се уште не се знае дали претстојната сезона во СЕХА Гаспром ќе игра рускиот тим ЦСКА Москва



Кон крајот на мај ЦСКА Москва побарала од СЕХА Гаспром или да им го потврди статусот или да ги откаже. Ова го побарале поради пласманот на крајот на сезоната во Русија во која ЦСКА беше на четврто место. Подоцна СЕХА Гаспром одлучи да ги признае ланските резултати, што значеше дека ЦСКА одново има место во лигата, но тогаш Русите побарале замрзнување на нивниот статус. 

Учеството на ЦСКА Москва во СЕХА не зависи само од Ковид и проблемите со кои се соочуваат сите, вклучително финансиски, туку и со нивните планови за Лига Европа. 

ЦСКА исто како и Металург и Бутел Скопје, игра во првото квалификациско коло на Лига Европа, а таму противник им е СКА Минск. Ако успеат да го минат ова, а и следното коло и се пласираат во групната фаза, тогаш извесно нема да играат во СЕХА. Но, ако бидат елиминирани, тогаш се враќа опцијата да играат, затоа што освен слабото руско првенство, не би имале каде да играат. 

СЕХА има резервен план во случај ЦСКА Москва да се откаже. Може да биде заменета со друг тим, а може и лигата да биде скратена на 10 клуба, со оглед на тоа дека и Пекинг годинава нема да игра. 

Многу е веројатно, прашањето на ЦСКА, форматот на лигата и начинот на кој ќе се игра да бидат решени за време на Фајнал Фор викендот во Задар. Тогаш и ќе се знае дали Русите минале второ коло, а и времето веќе не им дозволува на раководните структури во лигата да чекаат. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk