Лазаров доби резултат од вториот корона тест

Голема прашина крена информацијата дека Филип Лазаров е позитивен на Ковид 19, сега ги има резултатите од вториот тест. 



Филип Лазаров го доби резултатот од вториот тест за Ковид 19. Негативен е. Со големо олеснување и за него и семејството и за клубот, оваа епизода е затворена. 

„Ги добив резултатите, негативни се. е е во ред, јас сум веќе со екипата на подготовки“ ијзави за g-sport.mk Филип Лазаров. 

По оваа разврска станува логично дека резултатот направен по „паниката“ крената дека во авионот имало заразен патник не е точен. 
Едноставно не е можно, Лазаров да имал негативен резултат во Македонија на ден пред заминување и сега помалку од десет дена одново да е негативен. А во меѓувреме направил и тест на кој бил позитивен. 

Уште веднаш се посомнева Лазаров во прецизноста на тој тест, но за „мир во куќа“ подобро беше да си направи нов тест и ослободен од секакви мисли да ги продолжи подготовките. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk