Струга 2020: Е. Пелистер „закажа“ финале со Вардар?

Е. ПЕЛИСТЕР - МЕТАЛУРГ  24-22 (15-12)




Е. Пелистер беше покомпактен, помалку грешеше и подобро казнуваше и заслужено ја доби првата партија од дербито со Металург. Вечерва на струшкиот турнир битолчани запишаа резултатски тесна, но релативно сигурна победа.

Не профукционира од првиот момент новиот состав на Металург. Видовме на почетокот обиди за проработи Рниќ, но од четири шута само еден заврши во мрежата на Чаневски, додаваме и две условно кажано грешки на Тарабокија и Е. Пелистер во раната фаза на мечот дојде до значителна предност (5-2, 9-4)... 

Битолчани беа покомпактни, особно во одбрана, и нападот беше посигурен од противничкиот, но разликата ја направија на грешки на Метелург, а предноста им донесе и полесно играње, особено во еден на еден добро минуваа. Периќ остави сосема солиден впечаток, Чаневски на голот вршеше одлична работа, а и Костески и Маџовски имаа свои „пет минути“. 

Вложи доста мака Металург за да се врати резултатски, а во прилог воопшто не им одеше што имаа шест-седум исклучувања во првиот дел. Откако Дупјачанец спречи поголема негатива, во игра влегоа Мариќ и Додиќ кои беа похрабри од Тарабокија и Рниќ, ротираше и Бабиќ, па разликата се намали. 

Двапати промашуваше празен гол Металург при 8-11, пред конечно од трет обид да намали на 9-11, но само за кратко, погрешија и ја вратија разликата на минус 4. 
И во финишот на првиот дел при 12-14 имаа празен гол пред себе, но Потиќ не погоди, па на полувреме се замина со резултат 15-12 за Е. Пелистер. 

Ако во првиот дел сликата беше дека Е. Пелистер резултатски „бега“ а Металург се обидува да стигне, во поголем дел од второто полувреме впечаток беше дека Металург сериозно брка, а Е. Пелистер едвај одржува разлика. 
Имаше Металург во три наврати и шанса за израмнување, но бројни беа грешките во составот на Кастратовиќ, па Е. Пелистер кој во одбрана беше сосема солиден, на пет минути до крајот, откако се одбранија на плус два гола, искористија и бројчана предност и поведоа одново со четири гола разлика (23-19). Тука беше решен победникот, а сега очекуваме и Вардар да си одработе во групата и да гледаме финале Е. Пелистер - Вардар.

Конечните 24-22, се постигнати по мирни завршни 100 секунди, во кои контролата ја имаа битолчаните.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk