Струга 2020: Охрид со подебели нерви од Бутел

Резултатски драматичен натпревар одиграа екипите на Бутел Скопје и Охрид на вториот меч од струшкиот турнир.



ОХРИД - БУТЕЛ СКОПЈЕ   25-24 (10-9)
Тот 6, Блажески 5 - Мајиќ 5, Печенковки 5

Првите десетина минути беа демонстрација на тоа што значи прв меч по пет месеци пауза. Двата тима прилично бавно се  движеа, Охрид постојано го бараше пикерот, Бутел комбинираше за шут од девет метри, а како минаа и едните и другите покажува резултатот 1-1, по десетина минути игра. Имаше во овој период и по некоја убава голманска интеревенција колку да ги демотивира напаѓачите. 

Но, откако пројдоа десетте минути, се раздвижи теренот, а Бутел искористи две-три избрзувања на охриѓани и истрчаа два контра-напади и поведоа до 5-2. Потоа почна Охрид полека да се враќа. Израмнија на 7-7, потоа и поведоа охриѓаните, по што почна израмнета борба во која победникот не можеше да се предвиди се до последната минута. 

А во финишот, Бутел поведе со 23-22 со гол на празна мрежа и речиси ја имаше победата во раце. Израмни Охрид, а потоа во следните два напада Бутел направи пробивање и тоа беше казнето во водство од 25-23 што на крајот беше намалено за минимална негатива.
Треба да се напомене дека на овој меч видовме и дел од младите играчи што пристигнаа во Бутел, ги видовме и охриѓани на дело и можеме да кажеме слободно дека ќе имаме интересно првенство.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk