Струга 2020: Прилеп го изненади домаќинот

Одигран првиот натпревар по повеќе од пет месеци. Прилеп и Струга се сретнаа на првиот меч од струшкиот турнир




СТРУГА - ПРИЛЕП  28-32 (14-17)

Прилепските ракометари му овозможија на Горан Кузманоски на стартот на својата тренерска кариера да запише победа. На деби средбата сезонава Прилеп со 32-28 ја совлада домашната Струга во рамки на турнирот што денеска почна на отвореното игралиште. 

Прилеп ги изненади домаќините, силен старт, додека се освестија домашните веѓе беше 2-6, а потоа воглавно се сведе на бркање и бранење на резултат. Успеа релативно брзо Струга да се врати на минимална негатива, но откако го испукаа својот плотун, Прилеп одново го зголеми водството и на одмор замина со водство од три гола разлика. 

Слична слика беше и во вториот дел, Прилеп значително подновен од ланската сезона, а Струга очигледно невоиграна и конечни 32-28. 

Реченицата што којзнае колку пати ќе на ја напишеме и прочитаме гласи вака: Ова не само што се први натпревари во рамки на подготовки, туку се први натпревари по рекордна пауза од пет месеци. Има многу воигрување пред сите екипи, вистинското лице допрва ќе се види, а резултатите од Струга можат само моментално и делумно да доловат слика за можностите на екипите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk