Кил не верува дека ЛШ ќе се игра во септември

Менаџерот на Кил, Виктор Шилаги, вели дека ЛШ во септември е тешко остварлива



ЕХФ го закажа стартот на Лигата на шампионите за средината на септевмри. Се пофали на социјалните мрежи и со точно одредени термини. Сега останува и корона вирусот да се „согласи“, па да може да се игра. 

Како што се приближува терминот за старт на европските натпревари, така расте бројот на скептици, а се појавуваат и потенцијални проблеми и несогасувања што досега беа под површината. Резервираност има на сите страни, но кога Кил ќе се огласи и ќе најави нешто, тогаш треба многу внимателно да се слуша.

Менаџерот на Кил, Виктор Шилаги, во интерју за унгарски медиум беше скептичен и резервиран во поглед на планираниот старт на ЛШ. 

„Тешко изводливо ќе биде ЛШ да почне да се игра кон средината на септември. Сите клубови, сали треба да обезбедат перфектни услови за заштита од вирусот“, изјави Шилаги и подвлече нов потенцијален проблем. „Како и да е, ние се уште не сакаме да ги изложуваме играчите на ризик, ако било кој се зарази, тогаш ја доведуваме во опасност и Бундес лигата, а треба да патуваме во различни и високо ризични држави. “, изјави менаџерот на Кил. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk