Денеска прв судир на Е. Пелистер и Металург!

Денеска со почеток од 18:30 часот, прв контролен натпревар ќе се одигра и во Македонија. Се среќаваат Металург и Еурофарм Пелистер




Денеска ќе се одигра првиот контролен ракометен натпревар во Македонија по пауза од повеќе од пет месеци. Мечот со кој ќе се отвори сезоната не меѓу кој било, туку меѓу двата тима што скришум се надеваат дека ќе го изненадат и Вардар во битката за шампионската титула. Денеска на Маврово, силите ќе ги одмерат Еурфарм Пелистер и Металург. 

Улогата на фаворит денеска ќе му ја доделиме на битолскиот состав. Причината е едноставна. Тие имаат постава што веќе подолго време игра заедно, за разлика од Металург каде првата постава прв пат во живо се сретна пред десетина дена. Ако Бабиќ реши да игра на победа, тогаш има поголеми шанси.

Но, овие екипи ќе се сретнат повторно за неколку дена, поточно на 12 август на премиерниот ден од турнирот во Струга. Денеска, се е до Бабиќ и Кастратовиќ, колку ќе ротираат и што всушност ќе сакаат од своите екипи. Сепак, некакво прелиминарно мислење за односот на силите ќе имаме и по денешниот ден. 

Средбата че почне во 18:30 часот, ќе се игра без присуство на публика, но ќе имаме информација за текот на мечот и нормално, конечниот резултат кога за тоа ќе биде време. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk