ТОП ТРАНСФЕРИ ЛЕ: ЕХФ одбра 10 трансфери

Откако ги „прогласи“ десетте нај-трансфери за Лига на шампиони, веројатно охрабрен и инспириран со ефектот што го имаше, службите на ЕХФ веднаш спремија и 10 нај-трансфери за Лига на Европа. Овој пат можеме да им најдеме неколку фалинки




10. Vid Kavticnik (from PAUC Handball to USAM Nimes Gard)
9. Omar Ingi Magnusson (from Aalborg Handbold to SC Magdeburg)
8. Rene Toft Hansen (from SL Benfica to Bjerringbro-Silkeborg)
7. Stipe Mandalinic (from Füchse Berlin to HC Eurofarm Pelister)
6. Timo Kastening (from TSV Hannover-Burgdorf to MT Melsungen)
5. Alexis Borges (from FC Porto Sofarma to Montpellier HB)
4. Julen Aguinagalde (PGE VIVE Kielce to Bidasoa Irun)
3. Lasse Andersson (from Barça to Füchse Berlin)
2. Lukas Nilsson (from THW Kiel to Rhein-Neckar Löwen)
1. Morten Olsen (TSV Hannover-Burgdorf to GOG)

На спиоскот што го зготвија колегите од ЕХФ, доминираат трансфери врзани со германски-француско-дански екипи, таму каде што очигледно и ги следат трансферите. Па така тука место најдоа и Инги Магнусон и десното крило Тимо Кастенинг. Според нас превисоко котира и Ласе Андерсон со заминувањето од Барса каде не одигра речиси ништо, а кога клупска легенда како Златко Хорват менува екипа по 26 години тоа има поголема тежина отколку трансфер меѓу две бундеслигашки екипи. А ниту кариерата на пример на Кастенинг не може да се мери со таа на Хорват, ниту пак меѓународниот рејтинг на Хановер и Мелзунген со тој на ППД Загреб и Металург.
Нејсе, го видоа најновото заминување на ветеранот Кавтичник, но не и трансферот на Дарко Ѓукиќ од Мешков во Спортинг, а сигурно би нашле и уште некој „заборавен“ доколку ги расчепкаме листите во Татран, Ч. Медведи, Адемар итн. 

За среќа го видоа Стипе Мандалиниќ, па малку кредит доби и Македонија каде има одличен преоден рок, барем за првите три екипи.

Единствено што нема да оспоруваме е местото број еден на Мортен Олсен. Најпотценетиот дански играч, конечно, макар на ваков начин доби заслужено внимание. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk