Двајца позитивни во Е. Пелистер 2, дел од екипата во изолација

Прв случај на корона во ракометна Македонија. Двајца ракометари од Еурофарм Пелистер 2 се позитивни на Ковид 19 и дел од екипата по препорака на епидемиолог замина во карантин.



Пишувавме за Унгарија, Романија, Црна Гора, сега и во Македонија имаме случај на играчи позитивни на Ковид 19. 
Двајца ракометари на Еурофарм Пелистер 2 се позитивни на Ковид 19. Клубот ги почитуваше мерките и препораките за заштита, тренираше на отворено во мали групи, одовоено, па така по препорака на епидемиолог, само групата во која се наоѓаат двајцата позитивни играчи оди во изолација. 

Се работи за двајца помлади играчи кои немаат немаат никакви симптоми.

Клубот ја потврди информацијата и наскоро ќе излезе и со официјално соопштение во кое ќе ја објасни ситуацијата подетално.

По ова се отвора прашањето, како понатаму? Со праќање на цели групи и екипи во изолација, илузорно е да сметаме дека ќе може да се одигра првенството. За вакво сценарио реагираше и Драган Аџиќ откако Будуќност заврши во карантин
Во некои спортови ова го решаваат со тоа што позитивниот играч добива статус на повреден, а екипата не оди во изолација, но тоа се мерки што ги предлага државата. Подготовките почнаа, отворени прашање околу бројот на тестирања има, препораките не се доволно прецизни, па очекуваме наскоро нов потег од Комисијата за заштита од заразни болести. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk