Куманово по ЛШ, одбра Челинџ Куп

Откако не мина апликацијата вп Лигата на шампионите, екипата на Куманово се реши да аплицира за учество во најслабиот Европски куп



Екипата на Куманово годинава имае неуспешен обид да се протне во групната фаза на Лигата на шампионите во женска конкуренција. 
ЕХФ не дозволи на местото на шампионот на Македонија да игра вице-првак, а реално и немаше градот Куманово да види ЛШ, затоа што критериумите за играње во елитата со најновите промени се толку остри што нивната домашна сала немаше да ги исполни. 

По ова Куманово ја смени стратегијата и сега цели кон минување барем на едно коло во Европа. Затоа и не аплицираше за Лига на Европа, туку за Челинџ Куп, натпреварување што од следната сезона ќе се вика ЕХФ Куп. 

Екипата на Чаир останува на одлуката да се проба во Европа и аплицираше за место во Лига Европа. Чаирчан(к)и, сепак, ќе треба да добијат зелено светло и од Виена за да го реализираат своето европско деби. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk