Т. Пролет нема да аплицира за ЛЕ

Една од двете македонски екипи што имаат право да се пријават за вајлд карта за ЛЕ, нема да ја користи таа шанса



Екипата на Т. Пролет нема да аплицира за вајлд карта за Лига на Европа. Скопскиот клуб, заедно со екипата на Охрид добија понуда од РФМ да аплицираат за вајлд карта за Лига Европа, но Т. Пролет нема да ја користи таа можност, а многу е веројатно истото да го направи и Охрид. 
Но, за Охрид ќе почекаме, до понеделнил. Тогаш е и последниот ден во кој федерацијата може да пријави клубови во ЛЕ, а ден подоцна и клубовите треба да ги испратат формуларите. ЕХФ на 21 јули ќе ги објави учесниците и шеширите, а ждрепката ќе биде извршена на 28 јули. 

„Не сакаме ништо незаслужено. Пласманот во ЛЕ би бил таков и ние одамна донесовме одлука дека нема да се пријавиме за ЛЕ. Сега сме фокусирани на составувањето на екипата. Планираме барем две засилувања, но нема да брзаме со ангажманите, време имаме доволно. Имаме екипа за пласман во Плеј оф, па следната сезона ќе се бориме за излез во Европа“, вели Сашо Огњеновски. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk