КОВИД УДАР ЗА ЕХФ: Бундес тим се откажа од ЛЕ

Новото ЕХФ натпреварување, Лига Европа, го доби првиот отказ од Бундеслигашка екипа. 



Една од посилните екипи во Бундес лигата, Хановер, објави дека нема да се пријави за учество во Лига на Европа следната сезона. 
Ситуацијата со Ковид 19, до толку го има затегнато ременот во овој клуб што никакви екстра трошоци клубот не може да поднесе, а иако годинава од ЛЕ може и нешто да се заработи, за Хановер тоа е трошок што не може да си го дозволи. 

РНЛ, Магдебург и Берлин остануваат сигурни германски учесници, а кој ќе го заземе местото на Хановер, засега не се знае. 

Хановер е најзвучното, но не и единственото име што се откажа од настап во ова натпреварување. Динамо Виктор од Русија, екипи од Унгарија, Луксембург, Белгија годинава нема да играат во Европа. 
Пријавувањето трае до 13 јули, потоа ќе се знае конечната бројка, шеширите и потоа ќе биде извршена ждрепката. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk