ЕХФ ќе исфрла клубови од ЛШ?!

Битката со Ковид 19 не само што не е завршена, туку во моментов ситуација е полоша отколку што беше во моментите кога се прекинаа првенствата, барем во дел од државите меѓу кои е и Македонија



На видео-конференциски состанок на клубовите што учествуваат во женската Лига на шампиони, било констатитрано дека ако продолжат рестрикциите за влез во Русија и опстане визниот режим, ЕХФ ќе ја разгледува можноста да ги исфрли руските клубови Ростов Дон и ЦСКА Москва и да ги замени со Бањик од Чешка и Сторхамар од Норвешка. 

Со цела почит кон дискутантите на оваа видео конференција и решителноста која еве дошла и до момент да ги знаеме и клубовите што би ги замениле, сепак, многу не инетересира како би изгледал финалниот продукт - а тоа е  ДЕЛО Лига на шампиони без руски клубови. ДЕЛО инаку е главниот спонзор на женската ЛШ и е руска компанија. 

Но, ако навистина дојде до таков момент во женската ЛШ. Тогаш, сосема е логично да претпоставиме дека во слична ситуација ќе биде и Вардар со оглед на тоа дека Македонија е во моментов изолирана и допрва чекаме нов бран на корона. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk