Червар: Спортски од Вујо, секоја чест

Лино Червар одговори на статусот на Веселин Вујовиќ во изборот на нај екс ју тренер



Во време на корна пандемија, дури и големите тренерски имиња имаат доволно време да се позанимаваат со работи со кои тешко би одвојувале повеќе време доколку е сезоната активна. 
А, кога се работи за Веселин Вујовиќ и Лино Червар, што имаат да си кажат и порачаат е секогаш интересно, па дури и кога си разменуваат куртоазни изјави. 

Во случајов, Веселин Вујовиќ се обрати на своите симпатизири што го гласаат за најдобар екс-ју тренер на порталот Балкан Хендбал. 
Лино Червар треба да ја добие наградата, тој освои сребро со Хрватска. Фановите треба да имаат предвид дека се бира најдобар тренер, а не најомилен. Мене ми е сето тоа јасно, но на тие што гласаат очигледно не им е. Можев да молчам и да ја земам наградата доколку на крајот останев прв. Но, едноставно тоа не е во ред да се случи. Лино и јас можеме да бидеме во лоши односни, да бидеме лути ривали на клупата, но знам што е чеснот и ред. Неговиот сребрен медал на ЕП е најголемото достигнување мешу тренерите на овие простори годинава и тука приказната завршува“, вели Вујовиќ. 

Вечерњи лист го побара Лино за коментар и го доби следниов одговор. 

„Спортски од Вујовиќ, секоја чест. Сите познавачи на ракометот многу добро знаат кој што направи оваа сезона. Мислам дека би било смешно во предвид да не се земаат медалите, туку кој кому е најсимпатичен“, изјави Червар.

Вујовиќ водеше на списокот пред објавата, на второто место беше Зоран Рогановиќ, а Лино Червар беше трет. Денеска Лино Червар (534) е во водство, пред Вујовиќ (351) и Рогановиќ (246).  



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk