Три старо-нови ѕвезди ќе го водат новиот Вардар

Столе Стоилов, Кристијан Дизингер и Тимур Дибиров и следната година ќе бидат дел од Вардар. 



Вардар со еден потег се врати на првото место на листата на фаворити во Македонија, откако вечерва беше објавена информација дека триото Столе Стоилов, Тимур Дибиров и Кристијан Дизингер се согласиле за продолжување на верноста и кон новиот Вардар. Наскоро би требало и Калараш да го стори истото.

Ако се потврди веста како точна, ова трио ќе стане гаранција дека Вардар ќе биде силен, останува и Чупиќ, засилувања се бараат низ Европа, се споменуваат играчи на пример од Порто, но тоа се во моментов шпекулации за нив ќе пишуваме кога ќе дојде време. 

Вардар е на добар пат за изгради тим блиску до ланскиот. Не велиме дека може да ги надополни Скубе и особено Криштопанс, особено не во прв момент, но Гедбан, Атман, Горбок, па и Шишкарев не се незаменливи. 

Најбитно е дека врската Дибиров - Стоилов што беше и ментална и играчка на теренот, останува во функција. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk