Горбок: Вардар, Ти Благодарам

Ново заминување од редовите на Вардар, си оди рускиот ракометар Сергеј Горбок



Новото заминување од редовите на Вардар е официјализирано. Сергеј Горбок (37) рускиот бек кој во два наврати потпишуваше договор со Вардар заминува. 
Тој инаформацијата за своето заминување ја објави на Инстаграм: 

„Јас сакам да кажам едно големо благодарам за се што имам доживеано во овој клуб. Голема благодарност до сите фанови и градот Скопје. Јас сум многу среќен што успеав да запознаам многу луѓе и тие станаа мојот живот. И многу благодареам на Сергеј Самсоненко за најдобар ракометен клуб во светот. Бев среќен да играм во овој клуб со толку прекрасни луѓе. Ви благодарим на сите, многу“, напиша на својот Инстаграм профил рускиот ракометар.

Се чекаат одлуките на другите играчи, заминувања извесно ќе има. Да се надеваме дека некои од подобрите играчи и ќе останат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk