Ц. Гора натурализираше уште еден играч

Црногорската женска репрезентација, доби нов среден бек, од Хрватска



По Марта Батиновиќ која минатата година хрватскиот дрес го смени со црногорски, сега уште една хрватска репрезентативка е на пат да го стори истото. 

Матеа Плетикосиќ, средниот бек на Будуќност ги исполни условите за настап во црногорската репрезентација и мошне веројатно ќе биде во тимот за олимписки квалификации. 
Таа во Будуќност дојде во 2015 година, како најдобар среден бек на кадетското Европско првенство. Оттогаш напредуваше до денешната позиција, како алтернатива за Милена Раичевиќ и Итана Грбиќ.

Црна Гора е во преговори и со поранешната вардарова ракометарка Барбара Лазовиќ, но тоа што се чинеше завршена работа, сега веќе не е така. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk