Будуќност купи уште една екс вардарка

Нов член на екипата на Будуќност е француската ракометарка Алисон Пино



Екипата на Будуќност се повеќе заличува на екипата на ЖРК Вардар составувана пред шест години. Најнов член на сино-белото семејство од Подгорица е Алисон Пино. Француската репрезентативка која во 2009 година беше прогласена за ИХФ играч на годината, а во сезоната 2013-14 играше за Вардар и уште и кажа едно вереничко „Да“ во Скопје. 

Пино не издржа долго во Вардар, во 2014 замина за Крим, потоа дома во Франција во Нимс, па во Баја Маре од Романија, па одново во Франција во Брест, потоа и во Париз 92, за сега одново да се врати на Балканот. 

Будуќност сега ги има и Лазовиќ, Лекиќ, наскоро треба да им се приклучи и Грбиќ и ќе има доста позната физиономија и квалитет што гарантира Фајнал Фор во Будимпешта. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk