Виктор и сервира Лига Европа на ЦСКА

ЦСКА Москва, на мала врата би можела да влезе во квалификациите за Лига Европа.



ЦСКА Москва доцна ги доведе скапите засилувања и во моментот на прекинот на првенството во Русија беше на четврто место. 
Тоа значи дека следната сезона, како екипа од втор шешир ќе играше во ЕХФ Куп (до оваа сезона Челинџ Куп). Ова е затоа што Русија како земја што е на 17 место на клупскиот ранкинг има право на два клуба во Лига Европа и два клуба во ЕХФ Куп следната сезона. 

Но, ЦСКА би можела да се провлече низ мала врата и да застане во редот за Лига Европа веднаш зад шампионот Чеховски медведи. 

Второпласираниот во рускиот шампионат, Виктор Ставропол нема да прифати играње во Европа. Финансиски им е неисплатливо, посебно затоа што во нивната сала немаат услови, па би требало да играат далеку од дома, во регионите на Ростов или Краснодар. 

Затоа клубот Виктор е спремен своето место да ѝ го отстапи на ЦСКА Москва, а тоа го потврди и претседателот на клубот во неколку интервјуа дадени минативе денови. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk