Големата ѕвезда кажа збогум

Најдобриот стрелец во историјата на репрезентативниот ракомет, Гудјон Валур Сигурдсон, објави крај на кариерата


Големата ѕвезда на исландскиот и светскиот ракомет, Гудјон Валур Сигурдсон, на полни 40 години реши да ја заврши играчката кариера. 
Тој својата одлука ја објави на својот Инстаграм профил и веднаш се најде на насловните страници. 

Сигурдсон во својата пребогата кариера има играно за Акурери, Есен и Гумерзбах, а потоа од 2008 само во врвни екипи како РНЛ, АГ Копенхаген, Кил, Барса и ПСЖ.
Притоа во 2015 со Барселона стана и европски првак.

Со 1875 голови постигнати за репрезентацијата тој е убедливо најдобриот стрелец во историјата за некоја репрезентација, пред Унгарецот Ковач. 
Ова е еден од ретките рекорди недостижен за најубоитиот стрелец на денешницата, Кирил Лазаров, а тоа се должи најмногу на десетгодишниот пост на македонската репрезентација од големите натпреварувања. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk