Сехалигаш ги промени сите договори на играчите

Словачкиот првак ги намали договорите на сите играчи за оваа и следната сезона. 



Екипата на Татран Прешов, стандарден член на СЕХА Гаспром друштвото, од 1 април кога заврши првенството на Словачка до денеска преговараше со сите свои играчи за ревидирање на договорите. 

Не треба посебно објаснување дека ревидирање, всушност значи намалување на договорите за тековната, но и за следната сезона. 

Од клубот денеска објавија дека покрај најавените заминувања, засега не се договориле само со уште еден играч чие име не е објавено. 

Корона кризата на ракометниот пазар ќе направи големи потреси затоа што речиси сите клубови ги намалуваат договорите на играчите. Со тоа ќе расте понудата на добри играчи, а нивната цена нема да биде недостапна за клубовите што се добро ситуирани во моментов. Единственото што се чека е ЕХФ да каже и покаже како ќе изгледа следната сезона па да почне сезоната на шопинг. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk