Jaнц сосема ги измеша картите

ЕХФ наскоро ќе мора да се соочи со последиците на нивната физибилити студија, која предвидува Фајнал Фо турнирите да се одиграат на крајот на август и кај дамите во септември.

Ова значи дека екипите со нови состави ќе играат во август. Мора да се има предвид дека договорите на многу играчи им истекуваат во јуни, а мешу нив има такви како Сагосен и Коралес на пример кои во моментов се во ПСЖ, а во август би биле во Кил и Веспрем. Во женска конкуренција Лекиќ би играла за Будуќност, а не во ЧСМ... 

Блаж Јанц е еден од „таквите“. Тој сега е играч на Келце, но по 30 јуни ќе биде во Барса. Денеска Блаж Јанц вбризга нова доза на хаос во системот на ЕХФ.
Словенецот изјави дека ако на Ф4 се пласира Келце, без разлика што е во Барса тој би играл за Келце. 

Дека ќе му биде дозволен такво нешто - не веруваме. Во спротивно, дури тогаш ќе стане хаос кога ќе треба да се враќаат играчите од Кил и Веспрем во ПСЖ на пример. Но, што со новите играчи што во меѓувреме два месеца ќе тренираат со ПСЖ на пример, како Гребил, Пранди итн... Како пример го земавме ПСЖ, но во сите клубови има по неколку слични ситуации. 



Нема 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk