Шведските клубови ги отпуштаат играчите!

Шведскиот клуб за кој своевремено настапуваше македонскиот голман Јанце Цветковски, Истад ИФ (Ким Андерсон, Далибор Додер), одлучи да ги отпушти сите ракометари, тренер, тренерски тим, менаџерски тим... пишува денеска „Истад Алеханда“. 

Клубот на ваков потег се одлучил за да избегне банкрот, а биле информирани и Унија на играчи и релевантни институции. 

Шампионатот на Шведска е завршен. Нема да има шампион, нема да има испаѓање од Лигата, само еден клуб влегува во највисок ранг. Но, проблем станаа месеците март април, мај и јуни за кои играчите имаат побарувања, на дел им истекувата и договорите во јуни, а клубот нема приходи затоа што не се игра. 
Непопуларниот потег, што ќе трае додека трае забраната за играње, во Истад го виделе како единствено решение. 

Ден претходно, Афтонбладет пишуваше дека и шампионот Кристијанштад планира да ги отпушти сите играчи, тренери и персонал. 
Подоцна се „поправија“, односно клубот информираше дека тоа било едно од можните сценарија, но дека таква одлука не е донесена. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk