ТРАНСФЕРИ: Здрахала, Подшивалов, Игропуло...

Најдобриот стрелец на ЕП Хрватска 2018, Чехот Андреј Здрахала заминува од Висла Плоцк на крајот на сезоната. Заедно со Здрахала заминуваат и Јерко Матулиќ и Матеуш Пјачковски. Тоа денеска го потврди претседателот на Висла Плоцк. 

Константин Игропуло ги демантираше шпекулациите дека оди во ЦСКА Москва. „Тоа се лажни вести, не паѓајте на провокации. Не преговарам во моментов со никого“; напиша на Твитер рускиот бек. 

ЦСКА Москва е заинтерсирана за ангажман на белорускиот централен бек Александар Подшивалов, во моментов член на германскиот клуб Минден. 

Цроногорските репрезентативки Дијана Ујкиќ и Бобана Кликовац следната сезона ќе играат во романскиот тим Бузау. 

Шења Миневскаја го напушта францускиот кллуб Брест и следната сезона ќе биде големото засилување за романскиот тим Влчеа. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk