ТРАНСФЕРИ: Нов договор за Јанко

Поранешниот ракометар на Металург, Јанко Божовиќ, кого во татковината Австрија го нарекуваат едноставно - Јанко, се пронајде одново, овој пат во втората Бундес лига во екипата на Гумерзбах. 

Кариерата на Јанко Божовиќ е полна со трансфери. Дури 15-ти клуб во неговото резиме е екипата на Гумерзбах за која игра сезонава. 
Имаше подеми и падови, сигурно како отскочна даска му беше периодот минат во Металург, од каде конкурираше и за најдобар стрелец во ЛШ. 

Божовиќ рековме се пронајде, одново или конечно во Гумерзбах. На 34 годишна возраст потпиша нов двегодишен договор и доколку го комплетира, тоа ќе биде најмногу што се задржал во едно место. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk