Што бараше Спартак во СЕХА?

Татран Прешов е првата екипа што преку елиминациите во СЕХА се квалификуваше во 1/4 финалето на Лигата. Тие вчера и на реванш натпреварот беа подобри од Спартак Москва и си обезбедија дуел со ППД Загреб во следната елиминациска фаза. 

Татран победи со 32-22 (16-11), откако претходно и во Москва славеше со 31-23. Спартак Москва на реваншот испрати младинска екипа. 

Татран Прешов си ја одработе својата задача коректно, но прашањето за милион долари е што бараше Спартак Москва во СЕХА оваа сезона? 
Следната, здравје, ќе бидат поконкурентни, им дојдоа Иљченко, Јанима и Жуков, веројатно ќе им пристигне и Атман и уште некое засилување , па тогаш во ред, но сезонава? Настрана се, па каде и дебитанти, па уште и се научија и со младински состав да патуваат на некои гостувања? Како што беше реваншот со Татран. 

Спартак е елиминиран, а на СЕХА останува да ги седне на маса Русите и да им објасни малку поинакви правила на однесување во оваа меѓународна лига. 
Или, пак, може и да ги остави да и го рушат угледот и да создаваат незадоволство и кај навивачите и кај клубовите што со најсилните состави играат и во фазата на групи во СЕХА. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk