ВЕСТИ И ТРАНСФЕРИ: Адемар на шопинг во Капе Верде, Крпеж стана мајка...

  • Адемар Леон го ангажираше левото крило на репрезентацијата на Капе Верде, Леандро Самедо. Капе Верде прв пат ќе игра на СП следниот јануари и ќе видиме многу интресни играчи од оваа земја, затоа што малку познат факт е дека речиси комплетната нивна репрезентација игра низ Португалија и Шпанија. Самедо ги има минато сите школи на Порто, а сега е на ред Адемар.
  • Голманот на Чешка, Мартин Галија, никако да отиде во пензија. Овој играч што константно и прави проблеми на македонската репрезентација потпиша нов едногодишен договор со екипата на Горњик од Полска. 
  • Почина францускиот судија Тјери Денц на возраст од 51 година. Последен натпревар во професионалната кариера на меѓународна сцена му беше дуелот во Скопје, меѓу Македонија и Чешка (33-20), во 2017 година. 
  • Поранешната ракометарка на Металург, Катарина Крпеж (Шлезак) за прв пат стана мајка. Таа на свет донесе девојче. 
  • Женската репрезентација на Франција ќе биде ослабена во олимписките квалификации. Левото крило Мањон Хует се повреди, страдаа лигаментите и за неа сезоната е завршена. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk