Барса без Циндриќ во февруари

Европското првенство како дебел келнер со зла насмевка и висока сметка се појавува пред клубовите кои за неколку дена треба да продолжат таму каде што застанаа во 2019. Во најважните битки за позиција во Лигата на шампионите и домашните шампионати. 

Неколку големи клубови ќе плаќаат и оваа година. Кил се обидува да ги закрпи Пекелер и Винцек, Флезнбург веќе купи замена за Магнус Род, а Барселона февруари ќе го игра без Лука Циндриќ. 

Хрватскиот бек веднаш по пристигнувањето во Барселона беше испратен на лекарски прегледи и контатирана е повреда на мускулот на левата нога. 

Барса не прецизираше точно колку време ќе мине Хрватот надвор од теренот, но објави дека во следните неколку натпревари, Циндриќ ќе одмора. Првите важн натпревари за Барса почнуваат од 9 февруари и гостувањето во Елверум. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk