Вујо доби добри засилувања

Веселин Вујовиќ, конечно, добива квалитетни засилувања од управата на ППД Загреб. На списокот на единствениот тим во Европа што никогаш во домашното првенство не бил ниту втор, ќе се најдат пивот од БиХ и десен бек од Словенија.

Сењамин Буриќ, пикерот на францускиот Нант потпиша двегодишен договор со Загреб и од лето се враќа во Хрватска, по две години пауза. 

Жига Млакар (29), десеn бек што ги полнеше мрежите на сите екипи со кој ќе се сретнеше додека играше за Целје, по реалтивно неуспешниот период минат во Висла Плоцк, доаѓа во Загреб и ќе го реши во моментов најгорливото прашање. 

Милош Божовиќ, Никола Граховац и Владо Матановиќ се исто така нови играчи на ППД Загреб. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk