Симовски и Куманово се разделија

Симе Симовски, селекторот на женската сениорска репрезентација и тренер на Куманово, од вечерва е само со една функција. 

Симовски реши да се повлече од кормилото на Куманово. Одлуката, односно целиот ваков расплет е неочекуван, затоа што Куманово годинава е најсериозниот кандидат за освојување на шампонскиот пехар, а таква позиција не се напушта. 

Но, во текот на работењето, дошло до разлики меѓу тренерот и клубот, тие разлики се продлабочиле и на крајот си пружиле рака, но за разделба. 

Симе Симовски за g-sport.mk потврди дека веќе нема да го води кумановскиот клуб. 

„Не сум веќе тренер на Куманово. Им посакувам се најдобро, остварување на сите зацртани цели“, кратко коментираше Симовски. 


Очекуваме наското Куманово да официјализира кој ќе биде следниот на кормилото. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk