Одреден терминот за ждрепката за СП 2021

Македонија го освои 15-то место на ЕП Австрија/Шведска/Норвешка и тоа како што во моментов стојат работите ќе не смести во вториот шешир во ждрепката што е закажана за 9 март. Ова е епилогот откако ИХФ практично и понуди на Јужна и Централна Америка да организираат уште едни квалификации, со три екипи, за да не го загубат тоа едно место што требаше да го загубат откако собраа само шест екипи во квалификациите.

На оваа ждрепка и претходи излвекување на паровите што ќе играа два баража. Тоа се Русија, Полска, БиХ и Летонија од првиот и Романија, Израел, Турција и Литванија од вториот шешир. 

Потоа на 9 март ќе бидат одредени уште 10 бараж дуела. Ако ЕХФ во ждрепката како репер го земе пласманот на последното ЕП, тогаш можни противници на Македонија ќе станат следниве репрезентации: 

Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk