ЕХФ ВЕСТИ: Фалсификат секретар во Србија, нов селектор во Франција...

  • Од 2016 година Ракометниот Сојуз на Србија има в.д. генерален секретар. Вршител на должноста прво беше Александар Петровиќ, а потоа Мазлам Џемаилоски. Проблем настана кога новинарите се сетија да погледнат во статутот, а таму пишува дека генерален секретар може да биде со функција в.д. само три месеци.  Прашањето сега е дали се валидни и легитимни сите тие потписи на Петровиќ и Џемаилоски минативе години?
  • Јужна и Централна Америка ја прифати последната шанса и нема да загуби место на Светското првенство. Тие одговорија позитивно на ИХФ и ќе организираат уште едни квалификации за СП. 
  • На првите одржани минатата недела во Маринга, Бразил успеаја да доведат шест репрезентации. Сега ќе мораат од ново, во Ел Салвадор, во јуни, да оргнизираат турнир со најмалку три три репрезентации од кои да не биле во Маринга. 
  • Франција брзо ги прекина медиумските шпекулации и пред да се загрее амбиенот за поставување на Тјери Анти за селектор, го постави на кормилото поранешниот репрезентативец Гијом Жил. Овој ракометар е познат од времето кога со своите браќа Бертран и подоцна и Банжамин настапуваше за Франција, но кулоарите велат дека бил многу влијателен во соблекувалната. 
  • Селекторот на Португалија, Пауло Переира откри дека претседателот на Португалија му се јавувал по секој натпревар. „Кога ќе победиш е во ред, но кога добиваш поддршка од претседателот за загубен натпревар, знаеш дека си на вистинскиот пат, односно дека си победник“, изјави Переира. 
  • Асистентот во Веспрем и репрезентацијата на Унгарија, Чема Родригез од јуни станува тренер на португалската екипа Бенфика. Чема Родригез е познат шпански ракометар, своевремено беше дел од Адемар Леон, Сиудад Реал...
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk