Дидие Динар повикан на „строење“

Француската телевизија објави дека селекторот на машката репрезентација на Франција, Дидие Динар, е повикан на разговор во федерацијата.
Тој состанок треба да се одржи претстојнава недела. 
Новинарите, сепак, не знаат дали на овој состанок ќе биде договорен раскин на договорот или пак ќе биде ултиматум пред претстојните квалификации за ОИ Токио. 

Дидие Динар долго време беше подготвуван за селектор, уште во времето кога Клод Онеста лежерно на тајм аут на Франција, си гледаше во семафорот или си седеше удобно во своето столче додека Динар кроеше тактика. 

Но, откако остана сам на чело на тимот, ја промени нивната игра и место бетонската одбрана со него да стане челик, тој почна да практикува „скандинавски“ стил на игра и Франција престана да победува. 
Француската ТВ вели дека Динар веќе не е заштитен со имунитетот од 2017 кога станаа светски прваци. 

Тјери Анти, тренерот што есеноска го замени Нант со Спортинг е најсериозниот кандидат за замена на Динар. Вистинска француска школа велат за него. Патрис Канаје е уште едно име што се споменува, но тој веќе се обврза со нов договор со клубот што го води повеќе од 20 години - Монпеље. 

Oбновено: Л' Екип објави дека Динар денеска добил отказ и дека во прво време неговиот асистент Гијом Жил ќе ја поредводи Франција
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk