Медал и билет за СП за Норвешка, Словенија во бараж

Норвешка покажа неверојатен карактер и по синоќешната војна со Хрватска, денеска излезе како ништо да не било и ја надигра Словенија во сите сегменти. 

Норвешка ја совлада Словенија со 28-20, откако на стартот на вториот дел направи серија од 5-0 и водството од 12-9 го пртвори во 17-9. 

Словенија одигра одличен шампионат се до полуфиналето, кога се распадна системот на Врањеш. Тие ќе играат во бараж квалификациите за СП Египет. 

Норвешка, покрај медалот добива и билет за Каиро и среќа, па нив нема да ги имаме како потенцијален противник во јуни. Данска, Шпанија и Хрватска исто така директно одат на мундијалот.

Сандер Сагосен мечот го заврши со 4 гола, а шампионатот со 65. Тој е најдобриот стрелец на ова ЕП, воедно и најдобар на кое било поединечно. 

Голманите Клемен Ферлин и Торборн Бергеруд имаа по 14 интервенции. 

Германија во битка за петтото место со само 14 играчи во составот и без Винцек, Пекелер и Гензајмер со 29-27 го совлада тимот на Португалија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk